Двајцата стратези добро се познаваат

Тухел открива каков совет му дал Рангник пред 25 години и му ги променил погледите

Томас Тухел утре ќе ги одмери силите со Ралф Рангник, двајцата добро се познаваат и пред 25 години соработуваа во нисколигашот ССВ Улм.

Манчестер јунајтед во четврток го пречекува Челси на Олд Трафорд, мечот ќе донесе интересна пресметка помеѓу Ралф Рангник и Томас Тухел. Пред 25 години, Ралф Рангник му беше тренер на Томас Тухел во нисколигашот ССВ Улм, а по тешката повреда, го внесе во тренерските води во Штутгарт.

„Рангник ми беше тренер кога играв во третата лига и ни кажа некои работи кои ги немавме слушнато до тогаш“ – раскажува Томас Тухел за советот кој го добил.

„Ни рече дека како дефанзивци не треба да го пратиме напаѓачот и во тоалет, а тоа беше нормална практика во тоа време, се знаеше, 90 минути го следиш напаѓачот и не му даваш да дише. Ни објасни дека треба да си помагаме сите четворица во одбраната и како да го затвараме просторот. Ни ги отвори очите и донесе голем успех во малиот клуб во кој игравме“.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе