Манчестер јунајтед во четврток го пречекува Челси на Олд Трафорд, мечот ќе донесе интересна пресметка помеѓу Ралф Рангник и Томас Тухел. Пред 25 години, Ралф Рангник му беше тренер на Томас Тухел во нисколигашот ССВ Улм, а по тешката повреда, го внесе во тренерските води во Штутгарт.
„Рангник ми беше тренер кога играв во третата лига и ни кажа некои работи кои ги немавме слушнато до тогаш“ – раскажува Томас Тухел за советот кој го добил.
„Ни рече дека како дефанзивци не треба да го пратиме напаѓачот и во тоалет, а тоа беше нормална практика во тоа време, се знаеше, 90 минути го следиш напаѓачот и не му даваш да дише. Ни објасни дека треба да си помагаме сите четворица во одбраната и како да го затвараме просторот. Ни ги отвори очите и донесе голем успех во малиот клуб во кој игравме“.