Германецот е препороден во Англија

Тухел: Гласно кажувам дека ова е најсреќниот период од мојата кариера

Томас Тухел е импресиониран од работата во Челси, вели дека ова е најсреќниот период од неговата кариера и не се воздржува да го каже тоа гласно.

Челси игра одлично под водство на Томас Тухел, влегоа меѓу четирите најдобри во Англија, ќе играат финале во Лигата на шампионите и финале во ФА Купот. Германецот има фантастичен старт во Англија.

„Уживам во Англија, апсолутно да, ова е најсреќниот период од мојата професионална кариера, многу, многу е добро да сте тренер тука, тоа го чувствувам од првиот ден и не се променило, ова постојано им го кажувам на мојата фамилија и на пријателите“, вели Тухел.

„Го кажувам гласно и не се воздржувам и ако некогаш се промени тоа, тие треба да ме потсетат дека сум го велел тоа гласно“.

„Апсолутно сум среќен и чувствувам дека сум на вистнското место во вистинско време. Се надевам дека и другите го чувствуваат тоа и тоа ме прави самоуверен и смирен“.

„Чувствувам дека тотално можам да се фокусирам на мојата работа како тренер и го ценам тоа што сум на вистинско место во вистинско време. Чувствувам како да сум добил голема награда и среќен сум поради тоа“.

„Но не е воопшто лесно. Супер тешок е, дури и потешко отколку што очекував. Интензитетот на игра и распоредот кој го имаме, бара многу од вас, секој тим си има сопствен стил на игра и многу е интензивно. Во моментов дури нема ни навивачи“.

„Можам само да замислам како е кога би играле натпревари во Саутемптон, Лидс или Ливерпул со навивачи“.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе