Премиерлига

Тухел дебитираше на клупата на Челси, но сините повторно разочараа

Томас Тухел дебитираше на клупата на Челси и се увери дека ќе му биде потребна работа за да ги врати сините на победничките патеки, одигра само 0-0 против Вулвс. 

Челси одигра неубедлив меч во дебито на Тухел, сините дури во финишот од мечот почнаа да создаваат шанси, но и тие не беа доволно добри.
 
Уште едно бледо издание на Челси, а Тухел се увери дека ќе треба добро да ги засука ракавите за да ги разигра играчите и на раководството да му го даде тоа што го бара.
 
Многу поефикасно беше на мечот меѓу Барнли и Астон Вила кој го добија домаќините со 3-2.
 
Астон Вила двапати водеше со голови на Воткинс и Грилиш, но Барнли најпрво двапати израмнуваше со погодоци на Ми и Мекнеил, а Вуд на десет минути пред крајот ја донесе победата.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе