Челси

Тухел бил шокиран од отказот, барал втора шанса

Англискиот весник „Мирор“ објаснува како Томас Тухел бил отпуштен од кормилото на Челси. 

Томас Тухел утринава доби отказ, а „Мирор“ пишува дека германскиот стратег не можел ниту да замисли дека тоа го очекува, па бил комплетно шокиран кога ја слушнал одлуката.
 
Тухел утринава тргнал на работа во тренинг центарот на Челси, прво требало да има состанок со фудбалерите за вчерашниот пораз од Динамо Загреб.
 
Но кога се појавил, таму немало никој, наместо тоа му било кажано дека ќе има видео повик со челниците на клубот.
 
Разговорот траел 10 минути, на Тухел му било кажано дека е отпуштен. Тој бил шокиран од за него неочекуваната одлука и побарал втора шанса.
 
Но, не ја добил, сопственикот Тод Боли му рекол дека толку е, неговата работа во Челси е завршена.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе