Отказот му прави проблем

Тухел би можел да биде депортиран од Велика Британија

Медиумите од „островото" пишуваат дека Томас Тухел има рок од 90 дена да ја напушти Велика Британија, стратегот од Германија потоа би можел да биде депортиран.

Томас Тухел на почетокот од овој месец доби отказ од Челси, се говореше дека стратегот сака веднаш да се врати на работа, но се уште нема добиено примамлива понуда.

И додека чека вести за следниот ангажман, Германецот продолжува да живее во Лондон, се говори дека тој ужива во животот во британската престолнина.

Но како што пренесуваат медиумите од „островото“, Томас Тухел поради статусот на невработен може да се најде во проблем со законот. Според пост-Брегзит визата која ја добил, Германецот има рок од 90 дена да замине или ризикува да биде депортиран.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе