Хрватскиот клуб доби солидно обесштетување

Тудор замина од Хајдук за да му биде помошник на Пирло во Јувентус

Игор Тудор замина од тренерското место во Хајдук, оди во Јувентус каде ќе му биде помошник на Андреа Пирло. 

Андреа Пирло го посакуваше Тудор за свој асистент, но имаше информација дека Хајдук на Јувентус му бара дури еден милион евра за да го ослободи од договорот.
 
Сепак хрватскиот клуб денеска соопшти дека Тудор повеќе не е нивни тренер и оди во Јувентус: „Игор Тудор од денеска веќе не е тренер на Хајдук откако одлучи да ја прифати понудата од новиот тренер Андреа Пирло и да му се пиклучи како помошник во стручниот штаб. Му посакуваме многу среќа и успех во кариерата“.
 
Според хрватските медиуми Хајдук од Јувентус за Тудор ќе добие 440.000 евра.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе