По катастрофалниот старт на сезоната

Трпението заврши, Шкендија му даде отказ на Османи

Денешниот пораз од Борец ја прели чашата кај раководството на Шкендија кое вечерва ја донесе очекуваната одлука, отказ за Ќатип Османи. 

Иако се очекуваше дека Шкендија ќе се раздели со Османи по катастрофалните игри на европска сцена, тие го оставија да го почне и првенството. По четири одиграни кола шампионот е на последното место со само еден освоен бод. Разделбата беше неминовна.
 
„ФК Шкендија сака да соопшти дека ја раскинува соработката со стручниот штаб. Анализирајќи ја ситуацијата и негативните резултати во изминатиот период, одлучивме да се разделиме со стручниот штаб предводен од Ќатип Османи. Ние како Шкендија му се заблагодаруваме на Ќатип Османи за неговиот доприност во историскиот успех во изминатите години и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.
 
До назначување на нов тренер, Ерхан Селими ќе биде привремен предводник на тимот.

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе