Премиерлига

Трилер меч на Емирати со пет гола, Арсенал го доби Евертон (ВИДЕО)

Арсенал и Евертон понудија многу возбуда на Емирати, паднаа дури пет гола, имаше многу шанси на двете страни а на крајот „топчиите" се радуваа на победа од 3-2.

„Карамелите“ загубија по месец ипол, вечерва избраниците на Карло Анчелоти храбро се бореа на Емирати до последниот миг но мораа да се помират со пораз.

Евертон одлично го отвори мечот, Калверт Луин уште во првата минута го совлада Лено и донесе водство од 0-1. На Арсенал му требаше време да ги консолидира редовите, но потоа за пет минути направи пресврт. Нкитија изедначи на 1-1, а Обамејанг донесе предност од 2-1 во 33. минута од мечот.

Последниот збор во првиот дел сепак го имаа гостите, во четвртата минута од судиското надополнување, Ришарлисон се снајде најдобро по еден корнер и реализираше за 2-2.

На стартот од вториот дел, „топчиите“ се вратија во предност, на Обамејанг му требаа само 24 секунди во продолжението од мечот за по втор пат да го матира Пикфорд за 3-2.

Двата тима имаа свои шанси до крајот, беше драматично до последните мигови, Арсенал ја погоди рамката од голот по една грешка на Пикфорд, а еден обид на Евертон заврши милиметри крај стативата кога Лено веќе беше совладан.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе