ЕВРО 2020

Тричковски: Мора да бидеме горди на оваа репрезентација

Иван Тричковски вели дека ако бил поништен голот на Холандија можеби ќе било и понаку, но е горд на настапот на репрезентацијата на ЕП. 

Иван Тричковски можеби го одигра последниот меч за Македонија, тој денеска постигна и гол, но му беше поништен поради офсајд.
 
„Ова е едно искуство посебно за сите нас, за жал го завршивме на овој начин, но кога ќе земеме една целина, мислам дека сите треба да бидеме горди на тоа што го направивме досега. Оваа репрезентација, овие момци го заслужуваат тоа. Ова младина што ја има во репрезентацијата е иднината на македонскиот фудбал“, изјави Тричковски.
 
„Можеби се ќе беше поинаку ако не им го признаеа голот, тоа беше еден мал детал, но можеби да беше и пресуден. Среќен сум што дојдов тука, што можев на оваа возраст да играм на едно Европско првенство, нешто за што сум сонувал“.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе