Лига Европа

Тричковски го „реши“ Штурм па гледаше како му ја раскрварија главата на судијата со лименка пиво (ВИДЕО)

Иван Тричковски постигна гол во победата од 2-0 на АЕК Ларнака на гостувањето во Грац, меч на кој се случи голем инцидент откако помошник судијата беше погодек во глава со лименка пиво.

Репрезентативецот на „црвено-жолтите“, Иван Тричковски и неговиот АЕК Ларнака се на чекор до плеј-офот од Лига Европа откако вечерва со 2-0 триумфираа на гостувањето во Грац.

Македонецот во 74. минута рутински ја затресе празната мрежа на Штурм за да го постави конечниот резултат.

Мечот ќе биде запаметен и по големиот инцидент кој се случи откако помошник судијата беше погоден со лименка пиво која полета од трибините. Настрада главата на шведскиот судија, Фредрик Кливер кој заработи голема исекотина и не можеше да продолжи да ја дели правдата.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе