Куп на Италија

Три прекрасни погодока, Аталанта го совлада Наполи и се пласираше во финале (ВИДЕО)

Аталанта го надигра Наполи на реваншот, домаќините постигнаа три прекрасни погодока, славеа со 3-1 и закажаа дуел со Јувентус за трофејот во Купот на Италија.

Аталанта ќе му се спротивстави на Јувентус во финалето од Купот на Италија, вечерва „нероаѕурите“ од Бергамо го добија реваншот против Наполи со 3-1.

Избраниците на Гасперини го надиграа противникот, постигнаа три прекрасни гола и славеа со 3-1.

Резултатот беше отворен по десетина минути игра, Запата погоди од далечина за 1-0. Во 16. минута следеше нов гол, Госенс го проигра Запата кој итро остави за Песина, а Италијанецот со помош на стативата ја затресе мрежата и донесе 2-0.

Наполи се врати на стартот од вториот дел, Лозано погоди во 53. минута за 2-1, но сите дилеми околу финалистот беа решени во 78. минута, Запата повторно остави топка за Песина, кој помина како да нема одбрана и ја префрли топката преку Оспина за 3-1.

Нашиот Елиф Елмас беше стартер, на теренот помина 45 минути и беше повлечен од игра на почетокот од второто полувреме.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе