Серија А

Три од три за Интер, победа и против Удинезе (ВИДЕО)

Интер запиша три нови бода и го продолжи перфектниот старт на новата сезона, тимот на Конте со минимални 1-0 го совлада Удинезе.

Интер ја забележа и третата победа во Серија А, Удинезе голем дел од мечот играше со фудбалер помалку, се носеше добро со фаворитот, но не успеа да си оди со бод од Милано.
 
Клучниот момент можеби беше оној во 35. минута кога поради удар на противнички играч без топка Де Паул доби директен црвен картон.
 
Пред крајот на првото полувреме по одличен центаршут на Годин, Сенси даде гол со глава за водство на Интер од 1-0. Тоа беше и конечниот резултат.
 
Во вториот дел Интер имаше уште неколку солидни шанси за поголема победа, но не ги искористи.
 
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски остана на клупата за резервни фудбалери.
 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе