Продолжува хаосот во Серија А

Три нови случаи на ковид-19 во Џенова, коронавирусот влезе и во Наполи

Џенова попладнево потврди три нови случаи на ковид-19, втората рунда тестови донесоа заразени со коронавирус и во Наполи.

19 членови на Џенова се заразени со коронавирус откако новата рунда тестови донесоа три нови случаи. Од таборот на „рособлу“ потврдија дека станува збор за играчите Петар Брлек и Миха Зајц, како и Валтер Бресан, асистент на тренерот Роландо Маран.

Џенова од претходно ги суспендираше сите активности до понеделник, а беше одложен и дуелот против Торино во Серија А.

Кратко потоа се огласија и од Наполи, противникот на Џенова од минатиот викенд. Првите тестови на „наполитанците“ беа негативни, но за жал вторите тестови направени вчера донеле два позитивни резултати.

Заразен со ковид-19 е фудбалерот од средниот ред Пјотр Зелински и соработникот Џандоменико Коси.

Наполи се подготвува за дуелот со Јувентус во недела, и пред да отпатуваат за Торино ќе биде направено ново тестирање.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе