Кои имаа корист од исходот во финалето од Лига Европа?

Три клуба посебно се израдуваа на победата на Челси

Челси се радува на трофејот од Лига Европа, но корист од победата на сините имаат уште три европски клубови.

За разлика од Челси кој заврши како трет во Премиерлигата и веќе имаше обезбедено место во Лигата на шампионите за следната сезона, Арсенал бркаше триумф во Лига Европа за да се најде во елитното натпреварување, но не успеа.

Победата на Челси индиректно влијаеше врз три клуба, бенефит имаа Лион, Башакшехир и ЛАСК Линц.

Лион кој заврши како трет во Франција и требаше да игра во третото квалификациско коло, сега директно ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите.

Башакшехир од Истанбул кој беше втор во Турција и ЛАСК Линц кој беше втор во Австрија, прескокнуваат една квалификациска рунда, и наместо од второто квалификациско коло, ќе почнат од третото.

Победата на Челси од вториот шешир во кој требаше да биде при ждрепката од Лигата на шампионите, го префрла лондонскиот тим во првиот шешир како победник во Лига Европа.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе