Премиерлига

Трета среќа за Артета, Арсенал го доби дербито со Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Микел Артета го забележа првиот триумф на кормилото на Арсенал откако вечерва „топчиите" славеа со 2-0 против Манчестер јунајтед во големото дерби на Емирати.

Микел Артета конечно се радува на прва победа како тренер, Шпанецот го предводеше Арсенал до триумф против Манчестер јунајтед од 2-0. „Топчиите“ беа под притисок откако на претходните четири домашни натпревари претрпеа пораз, но вечерва се прикажаа во одлично светло.

Резултатот беше отворен во 8. минута, едно додавање на Озил се одби до Пепе, кој не погреши и го матираше Де Хеа.

Кон финишот на првиот дел, Пепе нафрли од корнер, Де Хеа одбрани но одбиената топка дојде до Сократис, кој ја затресе мрежата на гостите за 2-0.

Во продолжението од мечот, Манчестер јунајтед притисна и се обиде да стори нешто повеќе, но „ѓаволите“ креираа премалку чисти шанси, а и Лено беше на висината на задачата и на дозволи да биде совладан.

На крајот, Артета конечно победи против Манчестер јунајтед со Арсенал. Додека Шпанецот го носеше дресот на „топчиите“, неговиот тим само два пати триумфираше во пресметките со „ѓаволите“ а тогаш тој не беше дел од составот. Можеби како играч никогаш не успеал да слави, но како тренер му тргна од прва.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе