Малку добри вести за Македонецот

Тренерот на Леванте: Не знаеме кога ќе се врати Барди, но најважно е дека избегна операција

Пако Лопез соопшти дека Енис Барди нема да оди на операција, тоа значи пократко отсуство но во моментов не се знае кога Македонецот ќе се врати на терените.

Енис Барди на тренинг со Македонија заработи повреда на грбот, се говорше дека може да оди „под нож“, но по деталните прегледи, лекарите на Леванте одлучиле тој да не оди на опрација. 

„Каква евулуција ќе има повредата ќе зависи од многу фактори, но најважно е тоа што избегна операција“ - рече на денешната прес конференција тренерот на Леванте, Пако Лопез. 

„Со тоа сигурно се намалува должината на паузата. Сепак, никој не може точно да каже кога Барди ќе се врати. Се работи за незгодна повреда, во пределот на грбот кој е комплициран. Мора да внимаваме да не ја обнови повредата и ќе се врати само кога ќе биде 100% подготвен“. 

Поради повредата, Енис Барди го пропушти дуелот со Грузија на кој беше обезбеден историски пласман на ЕВРО 2020. 

„Му честитавме за успехот со Македонија, тоа што играч на Леванте ќе настапи на Европско првенство е причина за радост“. 

Останува да се види кога Енис Барди ќе се врати на терените, некои извори велат дека тој може да паузира до крајот на годината.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе