По одличниот настап против Атлетико Мадрид

Тренерот на Леванте го испофали Барди: Тој гледа додавање каде што никој не може да види

Тренерот на Леванте, Хавиер Переира го испофали Енис Барди по ремито со Атлетико Мадрид од 2-2 во кое нашиот фудбалер ги постигна и двата гола за својот тим.

Првпат по враќањето од повредата Барди се врати во стартниот тим на Леванте, постигна два гола од пенал со кои не му дозволи на Атлетико Мадрид да победи.

Но не беа само головите, Барди одигра одлично во текот на целиот натпревар и на крајот тој ја доби наградата за играч на мечот.

По натпреварот, тренерот Переира не штедеше пофални зборови за Барди.

„Барди е играч кој е над нормалното ниво на тимот. Тој е фудбалер кој ви покажува нешто различно на теренот, кој ве учи, кој гледа додавање таму каде што никој не може да види, тој е карактер. Барди е добар шутер и од слободен удар  од пенал. Во ниту еден момент не сум се посомневал во тоа. Бев многу смирен кога двапати тргна да го шутира пеналот. Беше одважен и со голема самодоверба двапати совлада голман каков што е Облак“, изјави Переира за Барди.

Во Левант се надеваат дека ова реми со Атлетико Мадрид може да биде пресврт во сезоната која ја започнаа лошо. Се уште чекаат на својата прва победа.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе