ВАРДАР ГО ИЗНЕНАДИ ФАВОРИТОТ

Тренерот на Фенер: Не го очекував овој резултат!

Предводникот на Фенербахче, Ајкут Кочаман вели дека не очекувал пораз од 2-0 во Скопје, но не губи надеж и верува дека во Истанбул можат да ја надополнат негативата

Шампионот на Македонија приреди уште една незаборавна европска вечер пред своите фанови,на „Телеком Арена“, Вардар со 2-0 славеше над Фенербахче.

Гостите од Турција пристигнаа во Скопје како фаворити, го имаа поседот на топката и постојано напаѓаа, но „црвено-црните“ со трпелива игра стигнаа до голема победа.

„Не го очекував овој резултат” – вели тренерот на Фенер, Ајкут Кочаман.

„Целта беше пред тешкиот натпревар со Трабзон да обезбедиме позитивен резултат на овој дуел, и психички подобро да бидеме подготвени за следната средба. Но многу си ја отежнавме работата“.

„Од првата до последната минута одигравме како што треба, имаве 16 шутеви и седум шанси, нашиот противник немаше ниту еден напад, но преку две прилики кои ние им ги создадовме постигнаа два гола”.

„Па сега не чека тешка задача, но верувам дека можеме да ја надополниме негативата”.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе