Динамо Загреб

Тренерот на Динамо Загреб бесен по пропуштената победа: Не ни треба ВАР, тоа е обично сра*е!

Динамо Загреб во судиското продолжение од мечот со Шахтар влезе со водство од 3-1, но на крајот успеа да ја прокоцка победата, конечниот резултат беше 3-3. 

Хрватскиот шампион на неверојатен начин загуби два бода, Шахтар даде два гола во судиското продолжение и се спаси од пораз.
 
Од таборот на Динамо Загреб помислија дека во финишот од првото полувреме имаше две ситуации во кои можеа да добијат пенал, еднаш над Петковиќ, а потоа над Адеми. По повторените снимки и хрватските медиуми се сложија дека немаше пенал, но тренерот на Динамо Загреб распали по ВАР.
 
„Ако не сакаат да го гледаат тоа, што ќе ни е тој ВАР! Тоа е обично сра*е. Што се однесува до мене, не треба ниту да го има. Секогаш некоја интерпретација, дали било или не контакт. Тоа стана циркус во Англија и Италија, поголемиот дел од тренерите веќе се бунат. Јас сум апсолутно против ВАР, тој ги убива емоциите, го убива фудбалот“, прокоментира нервозниот тренер Ненад Бјелица.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе