Пресудата стана правосилна

Тренерот на Адеми и Ристовски, Зоран Мамиќ ќе мора да оди во затвор

Тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ ќе треба да ја одлежи затворската казна откако тоа го потврди Врховниот суд во Хрватска. 

Врховниот суд во Хрватска ја потврди пресудата за шест и пол години затов за поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, додека неговиот брат кој во моментов е тренер, Зоран Мамиќ треба да одлежи четири години и осум месеци.
 
Првичната пресуда за тренерот на Динамо Загреб, беше четири години и 11 месеци, а сега е намалена за три месеци.
 
Зоран Мамиќ покрај тренерската работа е и спортски директор на клубот, а интересно тоа е позицијата која во минатото ја злоупотреби и е казнет со затворскакта казна.
 
Златко и Зоран Мамиќ беа осудени за перење на пари и нелегално извлекување на пари од трансфери, затајување на данок. Еден од спорните трансфери беше и тој на Лука Модриќ во Тотнем.
 
За разлика од Зоран Мамиќ кој остана во Хрватска и е тренер на Динамо Загреб. Златко Мамиќ уште пред три години избега во Босна и Херцеговина.
 
Се уште не се знае од кога Зоран Мамиќ ќе почне да ја извршува затворската казна, но се очекува наскоро да си поднесе оставка од тренерската функција.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе