Ајакс оваа недела договори продажба на Антони во Манчестер јунајтед за 100 милиони евра, рекорд за клуб од Холандија, па побрза да најде замена за Бразилецот.
Изборот падна на Лукас Окампос, за кратко време со Севиља беше постигнат договор за зделка од 20+ милиони евра, па Аргентинецот вчера пристигна во Амстердам.
Но наместо на лекарски прегледи и потпис на договорот, Лукас Окампос бил известен дека нема ништо од реализација на трансферот.
Во Ајакс, сите зделки над 1 милион евра треба да добијат амин од надзорниот одбор на клубот, и во овој случај, надзорниот одбор одбил да даде зелено светло со образложение дека сумата од 20+ милиони евра, плус висока плата за 28 годишен фудбалер е неодговорно однесување.
Се говори дека Лукас Окампос кога бил информиран за новонастаната ситуација, веднаш се вратил во Севиља. Потоа во авион се качиле техничкиот директор Гери Хамстра и неговата десна рака Клас Јан Хунтелар, кои исто така отпатувале во Севиља за лично да му се извинат на Аргентинецот.
Останува да се види дали надзорниот одбор на Ајакс ќе се предомисли, или пак клубот ќе тргне по план Б или план Ц, односно Лeон Бејли од Астон Вила и Џастин Клајверт од Фулам.
Преодниот рок во Холандија завршува вечерва на полноќ, па не се иклучува можноста да не пристигне замена за Антони.