Откриени деталите од договорот помеѓу Барса и Спортинг

Tреба чудо да се случи за Тринкао да не продолжи во Лисабон

Барселона го испрати Франсиско Тринкао на позајмица во Спортинг, но уште сега е јасно дека клубот од Лисабон во целост ќе го купи офанзивниот играч, треба чудо да се случи за тој да не продолжи во дресот на „лавовите".

По долги преговори, Барселона и Спортинг најдоа формула за трансфер на Франсиско Тринкао во Лисабон.

Офанзивниот фудбалер се сели на „Жозе Алваладе“ на позајмица за која Спортинг ќе плати 3 милиони евра, „лавовите“ исто така имаат опција (обврзувачка под одредени услови) со која за дополнителни 7 милиони евра ќе го задржат фудбалерот и ќе добијат 50% од неговата сопственост.

Како што пренесува новинарот Матео Морено, треба да се случи чудо за оваа опција да не стане обврзувачка бидејќи услов за активирање е опстанок на Спортинг во најсилното првенство на Португалија и мали се шансите клубот од Лисабон да испадне во втора лига.

Како дел од договорот, Барселона има опција да го врати фудбалерот во своите редови за 20 милиони, односно 25 милиони евра во зависност од тоа во која сезона ќе биде активирана опцијата.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе