Двете страни веќе се имаа договорено

Трансферот на Суарез во Јувентус пропаѓа поради бирократски проблеми?!

Луис Суарез нема да се пресели во Торино, Уругваецот решил да се повлече од договорот со Јувентус бидејќи не може на време да извади италијански пасош и ќе чека понуди од други клубови.

Со денови се најавуваше дека Луис Суарез ќе направи трансфер во Јувентус, наводно двете страни си имале подадено рака за тригодишна соработка и плата од 10 милиони евра по сезона.

За да ги забрза работите, „старата дама“ се сложи да плати 3+9 милиони, па Уругваецот требаше уште да се договори со Барселона за условите под кои ќе се разделат, и да полага тестови за италијански пасош. 

Сепак, ваков трансфер нема да случи. Според „Радио Каталонија“, Луис Суарез решил да се повлече од договорот со Јувентус. Бирократската процедура за добивање пасош нема да биде комплетирана до 6. октомври кога завршува трансфер пазарот, па тоа ги комплицира работите. 

Луис Суарез сега чека понуди од други клубови, претходно се споменуваше дека Атлетико Мадрид пројавува интерес.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе