Второ засилување во рок од 24 часа

Трансфер од 45 милиони фунти, Ливерпул го потврди и Жота

Ливерпул го потврди трансферот на Диого Жота, Португалецот се сели на Енфилд за 45 милиони фунти, а како дел од зделката, младиот Ки Јана Хоевер ќе се пресели во Вулверхемптон за 13,5 милиони фунти.

„Црвените“ за 24 часа комплетираат второ засилување, откако синоќа беше потврден трансферот на Тијаго Алкантара, денеска пристигна соопштение и за трансферот на Диого Жота.

Португалецот се сели на Енфилд во трансфер вреден 41 милион фунти, кој со бонуси може да се искачи до 45 милиони фунти.

Ливерпул всушност ќе плати нешто над 30 милиони фунти, како дел од зделката, младиот Ки Јана Хоевер ќе се пресели во Вулверхемптон за 9 милиони фунти, плус додатни 4,5 милиони фунти во бонуси. Шампионот на Англија ќе добие и 15% од следната продажба на Холанѓанецот.

„Ливерпул е еден од најголемите клубови во Премиерлигата па невозможно е да кажете НЕ. Морав да ја прифатам понудата, ќе го дадам најдоброто од себе и се надевам дека ќе станам квалитетна опција за Ливерпул во иднината“ – вели Диого Жота.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе