Контроверзниот напаѓач е желба на Црвена звезда

Трансфер бомба во Белград, Станковиќ го носи Балотели на „Мараканa“?!

Марио Балотели се најавува како големо засилување за Црвена звезда, новиот тренер Дејан Станковиќ го носи својот поранешен соиграч од Интер на „Маракана".

Дејан Станковиќ изминатиов викенд беше промовиран како тренер на Црвена звезда, па медиумите веднаш почнаа да шпекулираат каков нов лик може да добие тимот во следниот период.

Се верува дека популарниот Деки ќе ги искористи врските кои ги креираше во Калчото за да донесе звучни засилувања, а едно од првите имиња на листата е контроверзниот Марио Балотели.

Италијанецот минатото лето се врати дома и потпиша за Бреша, но постои можност во јануари да замине како слободен играч.

„Марио во јануари е слобoден играч и може да замине без обесштетување. Но сакам тој да остане, доколку замине, губиме сите“ – рече првиот човек на Бреша по непријатната епизода која ја доживеа Балотели во Верона каде беше цел на расистички навреди.

Самиот играч синоќа говореше за својата иднина и порача: „Сакам да останам во Бреша, но доколку претседателот не ме сака, тогаш... Мојата намера е да останам, тука сум како дома, но ќе видиме“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе