Квалификации за СП 2022

Трајковски: Покажавме дека можеме да се надигруваме со сите репрезентации

Александар Трајковски е пресреќен поради победата над Германија, вели дека со овој триумф Македонија покажала дека е голема селекција. 

Трајковски играше во одлична форма на стартот од квалификациите за Светското првенство, стрелаше против Романија и Лихтенштајн, не погоди против Германија, но го покажа својот квалитет.
 
„Пред сè, среќен сум за победата која ја остваривме сите заедно, ова е еден голем успех за цела Македонија. Не е лесно да се дојде дотука и да се направи една ваква репрезентација, со ваков менталитет, каде што може да се надигрува со сите репрезентации, тоа го докажавме“, вели Трајковски.
 
„Навистина, не знам како можам да ја опишам мојата радост, победивме една репрезентација која освојуваше светски првенства и со ова покажавме дека сме голема репрезентација и дека можеме да играме со сите“.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе