Лига на нации

Трајковски нема да игра против Гибралтар, Елмас е неизвесен

Поради повреда Александар Трајковски отпадна од комбинација за утрешниот дуел против Гибралтар, а неизвесен е и Елиф Елмас. 

Фото: ФФМ
Македонија утре од 18 часот го пречекува Гибралтар во рамките од четвртото коло во Лигата на нации. Селекторот Милевски вели дека многу од играчите се исцрпени, а Трајковски нема да настапи поради повреда.
 
„Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елмас е под знак прашалник, имаме неколку играчи кои исто така се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Етеми, тој може да дебитира на овој дуел“, изјави селекторот Милевски.
 
Фото: ФФМ

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе