Македонецот пред голем трансфер

Трајковски му се приклучува на Ристовски во Спортинг Лисабон? (ФОТО)

Италијанските и португалските медиуми пишуваат дека Спортинг Лисабон во Александар Трајковски гледа замена за Бруно Фернандеш.

Бруно Фернандеш ќе си замине од Спортинг Лисабон ова лето, најмногу е посакуван од Манчестер јунајтед, а португалскиот клуб ја бара неговата замена.
 
Португалските и италијанските медиуми пишуваат дека Александар Трајковски е во фокусот на Спортинг.
 
Минатата сезона во Серија Б, Трајковски имаше осум голови и 11 асистенции, што е одличен учинок за 26-годишниот Македонец.
 
Спортинг на Трајковски ќе му понуди четиригодишен договор, а тој би можел таму да отиде и како слободен играч доколку Палермо биде исфрлен во Серија Д.
 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе