ЕВРО 2020

Трајковски: Можеби ќе беше друг натпреварот ако го дадев тој гол

Александар Трајковски кој ја погоди стативата од голот на Холандија при резултат 0-0, доколку поведевме можеби мечот ќе добиеше поинаков тек. 

Трајковски како на мечот со Украина, така и со Холандија ја погоди стативата од голот на противникот.
 
„Во првото полувреме одигравме добро, создававме шанси. Јас ја погодив стативата, мислам дека ако го дадев тој гол ќе беше поинаков натпреварот, сепак игравме со една поквалитетна репрезентација“, вели Трајковски.
 
„Задоволен сум со првото полуврме, едноставно немаме малку среќа да го отвориме тој резултат во наша корист. Холандија ги искористи шансите и резултатот е тој што е. Се боревме до крај на сите три натпревари и се надевам дека Македонија е горда на тоа што го покажавме“.
 
„Треба да бидеме сите задоволни, сепа ова е наше прво европско првенство, големо искуство за помладите, но и за нас постарите. Можеме дома да се вратиме со главите горе“.
 
„Оваа репрезентација има многу квалитет, има и млади играчи што ќе бидат тука уште многу години и се надевам дека ќе продолжиме со успеси. Криво ми е што поради бате Горан не си отидовме со подобар резултат. Но среќен сум за него севкупно, чест ми е што го делев сето ова време со него. Му посакаувам се најдобро во животот“.
 
„Во квалификациите за СП сме во добра позиција и се надеваме дека ќе се избориме на Мундијалот. На ЕП немав среќа, но во квалификациите се надевам дека ќе ме посреќи“.
 

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе