ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК ЗА МАКЕДОНЦИТЕ НА СИЦИЛИЈА

Трајковски и Несторовски со гол ја отворија сезоната во Серија Б

Палермо стигна до триумф од 2-0 над Специја на стартот од новата сезона во Серија Б, стрелци на погодоците беа Александар Трајковски и Илија Несторовски

Репрезентативците на Македонија играа во одлична гогетерска форма на подготовките, а добрата форма сега ја продолжија и во Серија Б.

На вечерашниот дуел со Специја, Александар Трајковски и Илија Несторовски го предводеа Палермо до победа од 2-0.

По десет минути игра, Александар Трајковски се најде осамен пред противничкиот голман и прецизно биеше на првата статива за 1-0.

Трајковски и Коронадо потоа добро проиграа за Несторвски да ја затресе мержата, но погодокот на напаѓачот беше поништен поради офсајд.

Сепак, „Нестогол“ се запиша во листата на стрелците на стартот од вториот дел откако одново одлично соработуваше со Коронадо.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе