„Јапонскиот Меси“ се сели на позајмица во Мајорка

Трајковски добива соиграч од Реал Мадрид кој ќе му биде конкурент за место во тимот

Александар Трајковски добива конкуренција за место во тимот од Реал Мадрид, „јапонскиот Меси" Такефуса Кубо ќе се пресели во Мајорка на позајмица до крајот на сезоната

Александар Трајковски добива соиграч од Реал Мадрид и додатна конкуренција за место во тимот. Неколку извори од Шпанија пренесоа дека талентираниот Такефуса Кубо ќе биде испратен на позајмица во Мајорка.

Тинејџерот, кој долги години беше дел од школата на Барселона и беше познат како „јапонскиот Меси“, ова лето се врати во Шпанија и потпиша за „кралевите“.

Тој импресионираше со своите потези на тренинзите и подготовките, но лидерите на Бернабеу сметаат дека е прерано Такефуса Кубо да биде дел од првиот тим, па му беше понудена можноста да замине на калење во некој клуб од Примера.

Пред неколку недели се говореше за можноста Јапонецот да се пресели во Ваљадолид, но последните информации велат дека изборот паднал на повратникот во елитата, Мајорка.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе