Во сообраќајна несреќа

Трагедија во Турција: Загина чешки репрезентативец, уште шест играчи на Аланија се тешко повредени! (ВИДЕО)

Голема сообраќајна несреќа се случила во Турција кога минибусот во кој се возеле играчи на Аланија излетал од патот, чешкиот репрезентативец Јозеф Шурал го загубил животот.

Аланијаспор синоќа одигра 1-1 на гости против Кајзериспор. По мечот некои од играчите решиле да се вратат во Аланија со минибус и на пет километри до пристигнување во градот имале голема сообраќајна несреќа.
 
Возачот заспал зад воланот и минибусот излетал од патот, фудбалерите веднаш биле пренесени во болница, а на повредите им подлегнал чешкиот играч Јозеф Шурал.
 
Шест играчи се тешко повредени, Баиано, Џалма, Ајзак Секи, Стивен Колкер, Папис Сисе и Велнгтон, тие се задржани во болницата.
 
 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе