Лига Европа

Трагедија во Белград, почина навивач на Црвена звезда за време на дуелот со Келн

Победата на Црвена звезда од 1-0 во дуелот со Келн за пласман во нок-аут фазата од Лига Европа е засенета од веста дека еден навивач за време на натпреварот починал од срцев удар

Србија ќе има и втор преставник во шеснаесетфиналето од Лига Европа, откако по Партизан и Црвена звезда вечерва обезбеди учество во нок-аут фазата.

На „Маракана“, Црвена звезда со 1-0 го совлада Келн за голема радост, но славјето е засенето од веста дека еден домашен фан за време на натпреварот починал од срцев удар.

На навивачот му се слошило, веднаш интервенирале лекарските екипи и почнале со реанимација, а за кратко време тој бил пренесен и во болница. Сепак, докторите не можеле да сторат ништо и само ја констатирале неговата смрт.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе