Паднал во депресија

Трагедија на „островото“, 17 годишен фудбалер си го одзел животот откако добил исписница од Манчестер Сити

Од „островото" пристигнуваат трагични вести, починал поранешен младинец на Манчестер Сити, се работи за 17 годишниот Џереми Вистен.

Дефанзивецот, кој е роден во Малави но како бебе со родителите се преселил во Велика Британија, во 2016 се приклучил на академијата на Манчестер Сити и важел за перспективен играч.

Официјални информации за настанот нема, но се шпекулира дека Џереми Вистен паднал во депресија и си го одзел животот откако „граѓаните“ не му го продолжиле договорот и му дале исписница.

„Сите во Манчестер Сити жалат за смртта на поранешниот младинец Џереми Вистен. Длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите. Нашите мисли се со нив во овие тешки времиња“ - гласеше пораката на социјалните мрежи.

Од Џереми Вистен се збогуваа и Рахим Стерлинг и Ајмерик Лапорт, како и неколку поранешни соиграчи од академијата.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе