Конференциска лига

Тотнем загуби од Мура и ризикува да испадне од Конференциската лига

Тотнем со 2-1 загуби на гостувањето кај Мура и веројатно ќе треба да го победи Рен во последното коло за да обезбеди место во нокаут фазата од Конференциската лига.

Наместо во последното коло Тотнем да се бори со Рен за првото место во групата кое ќе им донесе двобој помалку, тие ќе играат за да не испаднат од КЛ.

Хорват уште во 11. минута го шокираше Тотнем, донесе водство за Мура од 1-0. А во 32. минута се зголемија проблемите за англискиот тим откако Сесињон заработи втор жолт картон.

Кејн во 72. минута го изедначи резултатот и внесе надеж за Тотнем дека може и до победа, но тоа не се случи.

Кога сите очекуваа крај, Мароша погоди во 84. минута за победа на Мура од 2-1.

Рен одигра 3-3 против Витесе и го завери првото место на табелата.

Францускиот тим има 11 бодови, Витесе и Тотнем имаат по седум бода, Мура има три.

Во последното коло Тотнем игра против Рен, а Витесе ја пречекува Мура.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе