Премиерлига

Тотнем во судиското продолжение го победи Волвс, Јунајтед одигра нерешено со Евертон (ВИДЕО)

Нови три големи бодови за Тотнем откако го победија Волвс на негов терен со 2-1, Манчестер јунајтед на Олд Трафорд одигра само 1-1 против Евертон. 

Три многу важни бодови за Жозе Мурињо од тешкото гостување кај Волвс кој беше пред нив на табелата.
 
Натпреварот почна одлично за Тотнем, уште во осмата минута по една убава соло акција Лукас Мура постигна гол за водство од 1-0.
 
Долго време траеше водството на гостите, во 67. минута Траоре со прекрасен гол од далечина го изедначи резултатот на 1-1.
 
Кога се чинеше дека тоа ќе биде и конечниот резултат, Вертонген погоди со глава во судиското продолжение и донесе победа за Тотнем.
 
По победите над Тотнем и Сити, Манчестер јунајтед на свој терен одигра само 1-1 против Евертон.
 
Евертон поведе во 36. минута со гол на Линделоф. Впечаток е дека имаше фаул врз Де Геа, но судиите иако анализираа преку ВАР не го поништија голот.
 
Во 77. минута Гринвуд со прецизен шут успеа да изедначи на 1-1. Јунајтед се бореше и за комплетен пресврт и победа, но не успеа.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе