По триумфот над Арсенал во дербито на Северен Лондон, Тотнем го совлада и Барнли и барем еден ден ќе преседи во топ 4 на табелата.
„Спарси“ до победа стигнаа со сомнителен пенал досуден длабоко во судиското надополнување откако ВАР го повика судијата да провери дали играњето со рака во шеснаесетникот на гостите е за најстрога казна.
Кевин Френд покажа на белата точка а Хари Кејн во осмата минута од судиското надполнување ја затресе мрежата за 1-0.