Лига на шампиони

Тотнем со дебакл испадна од ЛШ, Аталанта во голем стил до четвртфиналето, шоу на Иличиќ (ВИДЕО)

Тотнем доживеа тежок пораз на гостувањето кај Лајпциг, загуби со 3-0 и доживеа елиминација од Лигата на шампионите, Аталанта уште еднаш покажа дека не случајно е дел од елитата, вечерва ја совлада Валенсија на Местаља со 4-3. 

Тотнем отпатува на денешното гостување со негатива од 1-0, но не само што не успеа да ја анулира туку доживеа тежок пораз.
 
Дека работите нема да бидат добри за Тотнем најави Сабитцер уште во десетата минута кога му донесе водство на Лајпциг од 1-0. Само 11 минути подоцна истиот фудбалер со глава зголеми на 2-0.
 
Тотнем јалово се обидуваше да се врати во игра, не создаде ниту една сериозна шанса за гол во текот на целиот меч.
 
Конечниот резултат го постави Форсберг во 87. минута, само неколку секунди откако влезе во игра.
 
Аталанта натпреварот во Италија го доби со 4-1, но толку голови даде и на Местаља и уште еднаш ја победи Валенсија.
 
Свое шоу имаше Јосип Иличиќ кој ги постигна сите четири гола за Аталанта. Во првото полувреме погоди два пати од пенал, уште два погодоци даде во вториот дел.
 
Головите за Валенсија беа дело на Гамеиро два и еднаш погоди Торес.
 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе