Првото нешто што го направи по доаѓањето во Скопје

Тотнем се пофали, Мурињо го исполни ветувањето и се сликаше со македонскиот новинар (ФОТО)

Синоќа експедицијата на Тотнем пристигна во Скопје, а една од првите работи кои ги направи Жозе Мурињо е исполнување на ветувањето кое му го даде на македонскиот новинар Игор Александровиќ. 

На вчерашната прес-конференција на Тотнем, македонскиот новинар од „ТВ Сонце“, Игор Александровиќ побара да се слика со Жозе Мурињо бидејќи неговиот починат татко бил голем фан на Португалецот.
 
Мурињо му вети дека ќе му ја исполни желбата кога ќе пристигне во Скопје и тоа се случи.
 
Игор Александровиќ ја доби фотографијата со Жозе Мурињо, а Тотнем со гестот на Португалецот се пофали и на социјалните мрежи.

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе

Во Скопје се надеваат дека претстојните парламентари избори во Бугарија се една од причините поради кои владата на Бојко Борисов не попушта во врска со членството на Македонија во ЕУ.

повеќе

Упадот во американскиот Капитол што го извршија приврзаниците на Доналд Трамп како последен очаен обид да се поништи резултатот од изборите во 2020 година беше исто толку предвидлив колку и шокантен.

повеќе