Премиерлига

Тотнем поведе, но Арсенал победи, топчиите го добија големото дерби на Северен Лондон (ВИДЕО)

Тотнем водеше, но Арсенал се радуваше на победа од 2-1, тимот на Мурињо на крајот остана и со фудбалер помалку поради втор жолт картон на Ламела. 

Арсенал и Тотнем одиграа возбудливо дерби полно со случувања. Топчиите во првото полувреме двапати го погодија оквирот од голот на Лорис.
 
Тотнем брзо во мечот остана без Сон кој се повреди, на негово место влезе Ламела и брзо потоа постигна спектакуларен гол со рабона за водство на неговиот тм од 1-0.
 
Пред самиот крај на првиот дел Одегард постигна гол и изедначи на 1-1.
 
Во 64. минунта Санчез направи прекршок врз Лаказет кој прво ја утна топката но потоа беше соборен од дефанзивецот на Тотнем. Судијата поажа на белата точка, Лаказет реализираше за комплетен пресврт и водство на Арсенал од 2-1.
 
Ламела успеа за седум минути да добие два жолти картони и од 76. минута Тотнем остана со фудбалер помалку.
 
И покрај тоа тие нападнаа, бидејќи немаа друга опција. До крајот на мечот Кејн ја погоди стативата по што топката дојде до Санчез кој биеше, но Габриел спаси да биде изедначен резултатот.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе