Тотнем потврди: Сон е во Јужна Кореја да отслужи војска

Тотнем потврди дека Хенг Ми Сон е во Јужна Кореја каде што треба да ја отслужи воената обврска. 

„Клубот може да потврди дека Хеунг Мин Сон ќе ја отслужи воената обврска во Јужна Кореја овој месец. Напаѓачот кон крајот на март замина во својата земја и во моментов е во карантин. Нашиот медицински персонал постојано е во контакт со него со цел да ја прати рехабилитацијата по скршеницата на раката. Сон ќе се врато во Лондон по завршувањето на воената обврска во текот на мај“, стои во соопштението на Тотнем.
 
Поради тоа што триумфираше со Јужна Кореја во Азиското првенство, Сон како и неговите соиграчи од репрезентацијата се ослободени од целосен воен рок кој трае околу две години. Тој ќе отслужи само по скратена програма која трае околу еден месец.
 
Сон во Јужна Кореја отпатува уште при крајот на март бидејќи прво треба да помине 14 дена во изолација бидејќи пристигнува од ризична земја.
 
Со оглед на фактот што сезоната е во прекин поради коронавирусот, се чини дека ова е идеалниот период за Сон да ја заврши обврската кон својата земја.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе