Тотнем

Тотнем потврди, Џо Харт ги засили голманските опции на Мурињо

Џо Харт како слободен играч пристигна во Тотнем, тој потпиша договор со Спарс до 2022 година. 

Жозе Мурињо ќе има на располагање дури три квалитетни голмани откако Џо Харт денеска стави потпис на двегодишен договор.
 
Овој трансфер беше најавен пред неколку дена, а сега е комплетиран.
 
Се верува дека Хуго Лорис ќе остане неприкосновен меѓу стативите на Тотнем, а Џо Харт заедно со Пауло Газанига ќе се бори за столчето од клупата на Тотнем.
 
33-годишниот Харт стана слободен фудбалер откако неговиот договор со Барнли истече по крајот на сезоната. Тој во изминатата сезона имаше само три настапи за овој клуб.
 
Џо Харт е второ засилување на Тотнем ова лето откако претходно потпис на договор со Спарс стави Пјер Емил Хојберг.
 
Харт беше одличен голман, има две титули во Премиерлигата и 75 настапи за англиската репрезентација, но во последните сезони се мачи со формата.
 
Севкупната негова статистика во Премиерлигата не е значително полоша од онаа на Хуго Лорис, но во Тотнем се знае кој е кој.
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе