Коронавирусот го одолжи мечот против Лејтон Ориент

Тотнем одморен ќе дојде во Скопје ама ги чека хаотичен распоред

Коронавирусот го одложи мечот помеѓу Лејтон Ориент и Тотнем во Лига Купот, „спарси" одморени ќе дојдат во Скопје за дуелот со Шкендија во Лига Европа.

Избраниците на Жозе Мурињо вечерва требаше да гостуваат кај Лејтон Ориент во третото коло од Лига Купот, но на три часа пред почетокот, пристигна вест дека мечот е одложен.

Во пониските лиги, клубовите не се обврзани неделно да ги тестираат своите играчи на коронавирус, „спарси“ не сакаа да ризикуваат ништо, па платија сите во Лејтон Ориент да се тестираат а резултатите покажале дека дури 18 лица (играчи и персонал) се позитивни.

Поради ваквиот развој на настаните, натпреварот нема да се игра во закажаниот термин, па Тотнем одморен ќе дојде во Скопје и дуелот со Шкендија во четврток во Лига Европа.

Сепак, „спарси“ ги чека хаотичен распоред доколку ја совладаат Шкендија, за следната недела е закажано и четврото коло од Лига Купот па останува да се види кој датум ќе биде одбран за дуелот со Лејтон Ориент.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе