Премиерлига

Тотнем не успеа ниту да шутне во голот на Борнмут, очајно издание на тимот на Мурињо

Тотнем влезе како сериозен фаворит на гостувањето кај Борнмут кој се бори за опстанок, но фудбалерите на Мурињо го одиграа еден од најлошите натпревари оваа сезона. 

Тотнем одамна не блеска, но денешното издание им беше посебно лошо. Фудбалерите на Жозе Мурињо не шутнаа ниту еднаш во рамките од голот на Борнмут.
 
Мурињо повторно може да биде бесен на ВАР, бидејќи во шестата минута Хари Кејн беше соборен во шеснаесетникот и многу судии тоа би го свирнале како чист пенал, но Тотнем не доби ништо.
 
Сепак еден таков коментар нема да може многу да го оправда Португалецот бидејќи играта на неговиот тим беше под секое ниво.
 
Во судиското продолжение Борнмут се израдува на гол, но погодокот беше поништен со ВАР поради игра со рака на еден од играчите на домаќините.
 
По овој резултат Тотнем полека но сигурно ги губи шансите за топ пет местата во Премиерлигата.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе