Данецот во понеделник на лекарски прегледи

Тотнем ја прифати понудата на Интер за Ериксен, Данецот во Милано за 20 милиони евра

Медиумите од Италија доцна вечерва пренесоа дека Интер конечно составил понуда која ги задоволува барањата на Тотнем па Кристијан Ериксен наскоро ќе стане нов фудбалер на „нероаѕурите".

По долги преговори, Интер и Тотнем конечно најдоа заеднички јазик за трансфер на Кристијан Ериксен. Неколку извори од Италија доцна вечерва пренесуваат дека „нероаѕурите“ керирале добитна формулата за преселба на Данецот на „Џузепе Меаца“ уште овој месец.

Тотнем ја прифатил последната понуда од 15 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во лесно остварливи бонуси.

Извештаите велат дека Кристијан Ериксен може да биде на трибините во недела и дуелот со Каљари во Серија А, а во понеделник да ги помине редовните лекарски прегледи и да стане ново засилување за Антонио Конте.

Тој ќе добие плата од 10 милиони евра по сезона, и ќе стане најплатен играч во Интер и втор најплатен во клубот, поголеми примања од него ќе има само тренерот Антонио Конте (11 милиони евра).

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе