Премиерлига

Тотнем ја наполни мрежата на Барнли, Ливерпул убедлив против Борнмут (ВИДЕО)

Тотнем со 5-0 го растури Барнли, Ливерпул со 3-0 славеше на гостувањето кај Борнмут. 

Тотнем ја одигра најубедливата партија досега под водство на Мурињо му даде пет гола на Барнли за убедливи 5-0.
 
Серијата ја отвори Хари Кејн уште во четвртата минута со супер гол од далечина, а само пет минути подоцна Лукас Мура реализираше за предност од 2-0 за Тотнем.
 
Во 32. минута маестрален слалом на Сон по целиот терен кој го заврши со погодок за убедливо водство од 4-0.
 
По девет минути игра во вториот дел Хари Кејн даде уште еден гол за 4-0, а конечните 5-0 ги постави Сисоко на 15 минути до крајот.
 
Ливерпул реди победи, но по долго време тоа го направи без да прими гол. Последен пат не се тресеше неговата мрежа кон крајот од септември. Тимот на Клоп славеше со 3-0 кај Борнмут.
 
Резултатот беше отворен во 35. минута, по една прекрасна асистенција на Хендерсон од својата половина Окслејд Чембрлејн даде гол за водство од 1-0.
 
Во 44. минута нова убава асистенција, овој пат на Салах кој со пета го проигра Кеита а тој реализираше за 2-0.
 
По девет минути игра во второто полувреме двајцата играчи ги сменија улогите, Кеита асистираше до Салах а тој ги постави конечните 3-0.
 
Немаше голови на дуелот меѓу Ватрфорд и Кристал Палас.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе