Преговорите се во тек

Тотнем и Реал се пред договор за голема зделка, двајца играчи одат во Лондон, еден во Мадрид

Тотнем и Реал Мадрид се во сериозни преговори за неколку фудбалери, Герет Бејл и Регилон би требало да се преселат во Северен Лондон, а на Сантијаго Бернабеу да отиде Деле Али. 

Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет потврди дека фудбалерот сака да се врати во Тотнем и преговорите се во тек.
 
„Герет Бејл го сака Тотнем. Во преговори сме за негов трансфер. Тоа е местото каде што тој сака да оди“, потврди неговиот агент Џонатан Барнет за „Би-Би-Си“.
 
Според „АС“, Тотнем е и пред договор за ангажман на левиот бек Регилон за кој интерес имаше и од Манчестер јунајтед.
 
Тотнем го прифатил барањето на Реал Мадрид за клаузула со која ќе може да си го вратат назад Регилон во наредните две години, нешто кое не сакаше да го прифати Манчестер јунајтед.
 
Тотнем за Регилон ќе треба да плати 30 милиони евра, а во договорот ќе има клаузула според која во првите две сезони Реал Мадрид ќе има опција да го врати назад за 35 или 40 милиони евра.
 
Постојат шанси во спротивен правец да отиде Деле Али кој е еден од проблематичните фудбалер во Тотнем со кој Мурињо тешко се справува.
 
Деле Али беше во војна и со Маурисио Покетино во неговата последна сезона, а продолжи лошо да се однесува и со Жозе Мурињо.
 
Тој не беше среќен што Мурињо го извади на полувремето од мечот против Евертон, па со негова продажба во Реал Мадрид сите ќе бидат среќни.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе