Мурињо го побарал Велшанецот по поразот од Евертон

Тотнем го претекна Манчестер јунајтед во трката за услугите на Бејл, отворени преговори со Реал

Герет Бејл би можел да се врати во Премиерлигата, според пишувањата на ЕСПН, Тотнем веќе започнал преговори со Реал Мадрид а интерес за Велшанецот пројавува и Манчестер јунајтед.

Тотнем и Манчестер јунајтед ќе водат битка за потписот на Герет Бејл. ЕСПН вели дека „спарси“ веќе оствариле контакт со Реал Мадрид и во моментов се во предност во однос на „ѓаволите“.

По поразот од Евертон на отварањето од новата сезона, Жозе Мурињо побарал засилување за офанзивата, името на Герет Бејл било на врвот на листата со желби, па Даниел Леви почнал да работи на зделката.

Што се однесува до Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер го сака Герет Бејл, но само како план Б. Клубот од Олд Трафорд како приоритет го има Џејдон Санчо и не губи надеж и покрај тоа што од таборот на Борусија Дортмунд во неколку наврати посочија дека Англичанецот останува.

Герет Бејл има нето плата од преку 15 милиони евра, односно преку 30 милиони евра бруто, па ова преставува проблем и веројатно Реал Мадрид ќе треба да покрива дел од примањата на играчот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе