Премиерлига

Тотнем го понижи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, кошмарен ден за Солшер (ВИДЕО)

Тотнем со неверојатни 6-1 го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, Жозе Мурињо не само што ја доби битката против својот поранешен клуб, туку го понижи како ретко кој. 

Тежок, многу тежок пораз за Оле Гунар Солшер и Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа дури шест пати ја вадеше топката од својата мрежа.
 
Натпреварот почна спектакуларно, уште по 30. секунда Манчестер јунајтед доби пенал по фаул врз Марсијал. Фернандеш погоди за водство од 1-0.
 
Но само пет минути подоцна Тотнем водеше, Ндомбеле во четвртата минута израмни на 1-1, а Сон во седмата погоди за комплетен пресврт и предност од 2-1.
 
Во 28. минута се случи контроверзен момент, Марсијал престрого беше исклучен по еден дуел без топка со Ламела. Аргентинецот прв го удри французинот, но играчот на Јунајтед го извлече подебелиот крај од судијата Тејлор.
 
Две минути подоцна Хари Кејн по асистенција од Сон постигна за водство од 3-1, веќе беше јасно како ќе се одвива мечот.
 
Во 37. минута нов гол на Сон, тимот на Мурињо имаше предност од 4-1 по првото полувреме.
 
Во второто полувреме Тотнем го намали темпото, но и покрај тоа постигна уште два гола, Орие погоди за 5-1, а конечните 6-1 ги постави Хари Кејн од пенал.
 
Тешки денови за фановите на Манчестер јунајтед, во два натпревари на Олд Трафорд примија дури девет голови, нивниот тим освои само три бода од три кола со гол разлика од 5-11.

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе

Во Скопје се надеваат дека претстојните парламентари избори во Бугарија се една од причините поради кои владата на Бојко Борисов не попушта во врска со членството на Македонија во ЕУ.

повеќе

Упадот во американскиот Капитол што го извршија приврзаниците на Доналд Трамп како последен очаен обид да се поништи резултатот од изборите во 2020 година беше исто толку предвидлив колку и шокантен.

повеќе